Сите податоци за подземните и за надземните телекомуникациски водови од сите оператори во Македонија ќе бидат достапни преку новиот софтвер за електронски регистар на јавната комуникациска инфраструктура што вчера го промовираше Агенцијата за електронски комуникации (АЕK). Софтверот, кој е прв и единствен во регионот, истовремено овозможува, комуникација со останатите државни институции, со што се овозможува поголема заштита од оштетувања при градежни работи, полесен пристап до информации и објавување податоци за слободните капацитети на операторите, со што ќе се промовира поголема искористеност на постојните капацитети. Овој софтвер претставува централна точка во државата во која ќе бидат собрани сите, а граѓаните ќе може да вршат проверка на постоењето или непостоењето подземна јавна електронска комуникациска инфраструктура од страна на граѓаните на веб-страницата http://tkmrezi.aek.mk/gisPublic/.
Сите податоци за подземните и за надземните телекомуникациски водови од сите оператори во Македонија ќе бидат достапни преку новиот софтвер за електронски регистар на јавната комуникациска инфраструктура што вчера го промовираше Агенцијата за електронски комуникации (АЕK).
Софтверот, кој е прв и единствен во регионот, истовремено овозможува, комуникација со останатите државни институции, со што се овозможува поголема заштита од оштетувања при градежни работи, полесен пристап до информации и објавување податоци за слободните капацитети на операторите, со што ќе се промовира поголема искористеност на постојните капацитети.
Овој софтвер претставува централна точка во државата во која ќе бидат собрани сите, а граѓаните ќе може да вршат проверка на постоењето или непостоењето подземна јавна електронска комуникациска инфраструктура од страна на граѓаните на веб-страницата http://tkmrezi.aek.mk/gisPublic/.
- Сметаме дека граѓаните треба да добијат информации за подземните и за надземните телекомуникациски водови, за слободните капацитети и целокупната исфраструктура во земјава. Со помош на овој софтвер ќе се олеснат и осигураат сите градежни активности од можни проблеми и оштетувања при градежни работи - изјави Роберт Орданоски, директор на АЕK.